Лошите кредити годинава ќе достигнат рекорд

Bez autora
Mar 27 2013

Банките во еврозоната ќе се соочат со уште една тешка година во 2013, според прогнозата на консултантската компанија „Ернест и Јанг“. Се очекува проблематичните кредити да се зголемат до рекордно ниво за еврата, односно до 7,6 отсто во 2013. Иако економските предвидувања се малку подобри од оние на почетокот на минатата година, компаниите во финансискиот сектор, особено банките, ќе понесат удар од кумулативниот ефект на петте години лоши економски резултати. Тоа на крајот ќе се одрази врз раст на нивото на ненаплатени заеми. Како резултат на тоа изгледите за свежо кредитирање за корисниците и за многу компании во 2013 се прилично песимистички. Аналитичарите очекуваат дополнително намалување на заемите на банките за 132 милијарди евра оваа година. Прогнозата на консултантската компанија е дека кредитирањето во еврозоната ќе падне за 1,2 отсто.

Лошите кредити годинава ќе достигнат рекордБанките во еврозоната ќе се соочат со уште една тешка година во 2013, според прогнозата на консултантската компанија „Ернест и Јанг“.

Се очекува проблематичните кредити да се зголемат до рекордно ниво за еврата, односно до 7,6 отсто во 2013. Иако економските предвидувања се малку подобри од оние на почетокот на минатата година, компаниите во финансискиот сектор, особено банките, ќе понесат удар од кумулативниот ефект на петте години лоши економски резултати. Тоа на крајот ќе се одрази врз раст на нивото на ненаплатени заеми.

Како резултат на тоа изгледите за свежо кредитирање за корисниците и за многу компании во 2013 се прилично песимистички. Аналитичарите очекуваат дополнително намалување на заемите на банките за 132 милијарди евра оваа година. Прогнозата на консултантската компанија е дека кредитирањето во еврозоната ќе падне за 1,2 отсто. Во одредени земји ќе има големо намалување, но во некои и зголемување како што се Франција, Германија и Холандија, каде што се смета дека кредитирањето ќе порасне од 1до 2,5 отсто, а ќе падне во Италија за 0,5 отсто и во Шпанија за 4 отсто.

Кумулативниот ефект од недостигот од финансирање за бизнисите во јужните економии ќе ја продлабочи и продолжи рецесијата.

Кризата и во Македонија го зголеми нивото на лошите кредити. Според последните податоци од Народна банка на Македонија, само во првите два месеци од 2013, сумата на спорните и сомнителните заеми пораснала за 50 милиони евра, а нивниот вкупен износ на крајот на февруари се искачи на близу 416 милиони евра, со што достигнаа 11,7 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава, што е највисоко ниво досега.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik